Што треба да направиш за да дојдеш во Германија?
- Потребно ти е завршено образование во струката на медицинска нега, медицинско-технички асистент/ка по радиологија (МТРА) или акушер/ка.
- Испрати ни го твојот CV, дипломата, решение за утврден дефицит и сертификатот по германски јазик, доколку ги поседуваш на е-маил jobs@recruitmed.de. Ние ќе се погрижиме за останатото.
Јас не го знам јазикот. Може ли да се вработам ако знам само англиски?
- За жал не. Ти треба најмалку сертификат Б1 за да можеме да го започнеме процесот и сертификат Б2 за да може да го добиеш твоето признание во Германија.
Кои документи треба да ги подготвам и колку време ќе потрае?
- Додека не пристигнеш, ни требаат разни документи, како што се твојата диплома, извод од матична книга на родени или венчани како заверена копија и превод на истите. Кои точно документи ќе Ти требаат, ќе Ти објасниме поточно понатаму.
Дали мојот работодавец ќе ми обезбеди сместување кога ќе пристигнам во Германија?
- Да, секогаш добиваш сместување за почеток. Обично можеш да останеш таму за време на признавањето на диполомата. За понатаму, треба да бараш стан. Секако дека ќе имаш наша поддршка и поддршка од клиниката по тоа прашање. Трошоците за сместување варираат од регион до регион. Собата може да чини од 250-600 €.
Колку е долг договорот со работодавачот и дали можам да го сменам работодавачот потоа?
- Ова варира од клиника до клиника, но клиниката секако сака долгорочно вработување. Сепак, имаш можност да го промениш твојот работодавец ако нешто не е во ред. Тука треба да се придржуваш до роковите во договорот. Твојот договор за вработување во процесот на признанието на дипломата е секако ограничен. Откако ќе ја завршиш твојата акредитација, многу клиники веднаш издаваат постојани договори.
Колку време ќе помине пред да можам да дојдам во Германија?
- Тоа зависи исклучиво од Тебе. Апликацијата за дозвола за работа треба да е поднесена и познавање на германскиот јазик мора да биде најмалку на ниво Б1.
- Ако веќе постои решение за утврден дефицит од сојузната држава каде што е твојот нов работодавец, тоа може да се случи релативно брзо и ќе бидеш тука во рок од 3 месеци. Без известување, може да потрае околу 6-9 месеци, но тоа варира од случај до случај бидејќи зависи од различни фактори. По ова прашање те советуваме во секое време.
Колку чини станот?
- Општо земено, становите чинат помеѓу 250-600 евра. Но, ова исто така може да варира.
Колку време е потребно за да закажам разговор за работа?
- Веднаш штом го имаме твоето CV, твојата диплома и твојот сертификат за германски јазик Б1, подготвен си за интервју. Во зависност од посакуваниот регион, понекогаш имаме директни понуди и тоа оди релативно брзо. Но, ова може да варира и во зависност од потребите на клиниките.
Кој плаќа за летовите?
- Твојот нов работодавец ќе се погрижи за твоето пристигнување. Ние го резервираме и организираме твоето пристигнување заедно со тебе.
Кога можам да го донесам моето семејство?
- Веднаш штом ќе ја добиеш потврдата и ќе исполниш одредени услови (договор за вработување, стан итн.) можеш да аплицираш за обединување на семејството.
Колку време трае целиот процес?
- Процесот зависи од твоите лични предуслови што ги носиш со себе и од тоа колку брзо можеме да најдеме работодавач за тебе. Оттогаш потребни се околу 3-9 месеци.
Каде ќе живеам откако ќе бидам таму и дали треба да платам првите неколку месеци?
- Штом започнеш со работа и се вселиш во станот, треба да ја платиш и киријата.
Колку заработувам пред и по признавањето и дали е тоа доволно за покривање на трошоците за живот во Германија?
- По правило, заработуваш најмалку 2.300 евра бруто плус надоместоци пред признавањето и најмалку 2.900 евра бруто плус надоместоци по признавањето. Тоа е доволно за трошоците за живот. Платата варира во зависност од работодавецот и регионот.