ПРОЦЕС НА ПОСРЕДУВАЊЕ
ЗАПОЗНАВАЊЕ
Секој процес започнува со лична и индивидуална консултација.
ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
Заедно ќе го утврдиме Твоето познавање на германски јазик.
БАРАЊЕ
Го бараме вистинскиот работодавец за Тебе,
кој е прилагоден на Твоите потреби и ги исполнува Твоите очекувања.
ИНТЕРВЈУ
Организираме интервју каде што можеш да разговараш со Твојот потенцијален работодавец.
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Доколку двете страни се одлучат една за друга, Твојот договор за вработување ќе биде склучен.
ПРИЗНАВАЊЕ & ВИЗА
По потпишувањето на договорот за вработување, ние ќе го започнеме процесот на признавање на Твојата диплома и заедно ќе се грижиме за Твојата виза.
ПРИСТИГНУВАЊЕ И ПОЧЕТОК СО РАБОТА
По твоето пристигнување те поддржуваме околу одењето вo владините институции, твоето здравствено осигурување, отворањето на жиро сметка итд.
Ние остануваме на твоја страна и стоиме на располагање околу сите твои прашања.
ИНТЕГРАЦИЈА
Ние ќе те придружуваме за време на твоето воведување на новото работно место и ќе ти ги обезбедиме сите важни информации за твојот нов работодавач и за животот на тоа место.
НАШАТА ЈАЗИЧНА АКАДЕМИЈА
Ние те учиме и те подготвуваме за нови задачи кај твојот нов работодавач!
За да работиш во Германија, покрај твојата стручна квалификација потребни ти се и добри познавања на германскиот јазик. Од оваа причина ние создадовме наша онлајн јазична академија, каде што ти насочено можеш да ги надоградиш и прошириш твоите знаења на германскиот јазик. Нашиот целосен процес е бесплатен за Тебе.
Кај нас можеш бесплатно и флексибилно да научиш германски на различни нивоа. Се што ти треба е стабилна интернет конекција и лаптоп. Ние Ти помагаме да го испланираш твојот индивидуален план на учење и Ти нудиме екстра-професионални јазични курсеви по Твоето пристигнување во Германија.
ПОТРЕБНИ ЈАЗИЧНИ ВЕШТИНИ
Пристигнувањето е можно со јазично ниво Б1.
Целта за достигнување на нивото Б2 може да се достигне и по пристигнувањето,
но е потребно за дозвола за работа.
„Успеав да ги подобрам моите германски вештини во јазичната академија RecruitMed. На овој начин можам да разменувам идеи со моите нови колеги во болницата и работата е многу позабавна“.
Софија
Медицинско-технички асистент по радиологија (МТРА) – Аргентина
ПРИЗНАВАЊЕ НА ПРОФЕСИЈАТА
Прво, се одредува твоето референтно занимање, т.е. која германска професија е најблиску до твојата научена професија во земјата на потекло. Потоа се проверува дали степените се еквивалентни. Доколку се утврди еквивалентност, професијата автоматски се препознава и одобрува.
Меѓутоа, во случај на занимања кои не се учени во ЕУ се утврдува дефицит т.е. разлика.
Оваа разлика може да се компензира, или преку тест на знаење или период на адаптација.
По успешното завршување на оваа компензаторна мерка, твојот германски сертификат ќе биде издаден и професионалното признавање е завршено. Со ова признание можеш да работиш насекаде во Германија без ограничувања.
Графикот го прикажува процесот на професионално признавање.
Прегледот е многу поедноставен и се однесува само на медицинските сестри (не на лекарите).
„Јас сум всушност лекар и медицинска сестра и доаѓам од Македонија. Добивањето на признание за доктор во Германија ми беше многу тешко и трае долго време. RecruitMed прво ми помогна да ја добијам мојата обука како медицинска сестра. Мило ми е поради тоа, бидејќи моето семејство можеше потоа конечно да дојде. RecruitMed ми најде работодавец кој исто така ме поддржа да ја добијам мојата лиценца за доктор. Многу сум среќен поради тоа“.
Дими
Асистент доктор од Северна Македонија